oouristokrle logo

Брошура за родители 2022/23

Приемни денови – предметна и одделенска

 

Како да му помогнете на вашето дете.

Ние во ООУ ,, Ристо Крле“ –Кадино знаеме дека првите едукатори и наставници на децата се родителите, затоа настојуваме да бидеме заеднички партнери со родителите во едукација на децата.

Ве уверуваме дека родителите/старателите се целосно инволвирани во едукацијата на нивните деца во нашето училиште и тоа со:

  • Редовно информирање на родителите за образовниот процес и сите воспитно-образовни активности и цели низ кои поминуваат нивните деца како наши ученици.
  • Известување за сите активности на училштето како на дневно, така и на неделно и месечно ниво, во кои преку едукација се инволвирани и вашите деца.

 

Родителот и домашната задача

  • Допринос од родителот/старателот со нивно активно учество во училишни работилници (каде се врши презентирање и размена на идеи со самите родители), кои ја надополнуваат и надградуваат, севкупната образовна дејност.
  • Поттик на родителите во уредно и редовно работење со своето дете во фокусот на извршувње на домашните задачи. Домашната задача знаеме дека ги развива навиките на учење, развивање на самостојност во учењето. Воедно ги поттикнува и охрабрува учениците да користат ресурси т.е помагала во учењето како што се: книги, граматики и речници. Истражувањата покажуваат дека успешно допринесуваат во надоградување на знаењето, развивање на самодисциплина како и на вештини во решавање на проблеми.
  • Помагање во реализација на домашните работи и училишни проекти.
  • Реално давање пофалби и награди за сработеното, дозволете на вашето дете да се развива самостојно, и секогаш во комуникација со неговите наставници.

 

Примена на правилна исхрана.  Доручек

  • Како што знаеме доручекот е најважниот оброк од денот, со негово прескокнувње се пропушта дневниот внес на важни витамини и минерали.
  • Јадењето на здрав доручек ја поттикнува концентрацијата, меморијата и вниманието на вашето дете. Она што треба да го знаеме е дека со јадење на доручекот:
  • Имаат повеќе енергија
  • Се подобри во активностите во училиштето

 

Здрава исхрана

  • Кога вашето дете е во училиште неговите потреби од хранливи вредности и енергија се високи. Потребно е да јаде здрава, правилно избалансирана храна.
  • Таа подразбира храна која е богата со зеленчук, овошје и храна богата со скроб-јаглехидратна храна).
  • Како родители треба посебно да се обрне внимание на исхраната во раните детски години, бидејќи што децата јадат и пијат во раните години, влијае во понатамошниот развој. Затоа поттикот од родителите во оформувње на здрави навики во исхраната на своите деца е неизоставен дел од нивниот развој.
  • Исхраната на децата треба да се состои од избалансирана исхрана во која се опфатени сите групи на храна, со чија примена се овозможува да станеме здрави и здраво да се развиваме.
  • Исхраната треба да опфаќа (јадења богати со јаглехидрати и скроб, многу овошје и зеленчук, а намален или исклучен внес на грицки и засладени пијалоци со вештачки шеќери, како и слатки.

Затоа најдобро избери:

  • Млеко или вода
  • Овошје и зеленчук
  • Леб, тост леб, оризови галети
  • Намален внес на путер, маргарини
  • Јогурт
  • Јајца, месо
  • Намалени количини сол
  • Намален внес на слатки, според возраста внес на шеќер на дневно ниво : 6-10 години 25гр., од 11 години нагоре 30гр.
  • Храна богата со железо ( јаткасти плодови и суво овошје).

 

Спиење (здрав и квалитетн сон).

  • Знаеме дека во просек на возрасен човек му е потребен 8 часа квалитетен сон. На децата од 4-11 години им е потребено 10 часови сон. Додека на децата од 12 до 16 години 9 часови сон во текот на секоја ноќ.
  • Создавањето на навики за развивање на рутина пред спиење. Рутината вклучува дека пред одење на спиење децата треба  да прават едни исти работи по редослед секој ден.

– Како што е на пример миење на забите, читање книги 15-30 минути пред спиење.

 

Време за семејството.

  • За одржувње на семејството како клетка, потребна е комуникација во домот и семејството. Научно е докажано дека деца кои поминуваат повеќе време со семејството, имаат поголема самодоверба. Затоа родителите треба секој слободен миг од денот да го посветат на децата.
  • Заеднички ручеци, прошетки за викенд, собирње на инсектариум и хребариуми се само поттик кон вашето дете за поголема креативност во следњето на наставата.
  • Учење на основни животни навики и вештини.
  • Наоѓање на основните начела на животните навики.

 

Телевизја, интернет и видео игри.

  • Децата поминуваат во просек повеќе време гледајќи телевизија, играјќи видео игри и користење на интернет и социјални мрежи, отколку во активности поврзани со училиштето. Секако дека како родител/старател не треба да се забрани целосно користење на медиуми и интернет, туку преку соработка на релација родител-дете да се поттикне детето на зголемувње на својата заинтересираност за примена на овие алатки за пронаоѓање на корисни информации. Тоа е возможно доколку и самите родители би имале увид на што тоа нивните деца гледаат и какви информации добиваат од средствата за информирање.
  • Пред се треба да се ограничи употребата на средствата за комуникација на 2 часа во денот со што децата би имале многу повеќе време за интеракција со семејството.
  • Гледањето телевизија нека стане забавна навика на која најчесто ќе се гледаат програми од едукативен и забавен карактер ( квизови, едукативни емисии) во кои ќе земат учество и децата со учење на нови работи и факти, кои потоа со учење ќе ги применуваат во образовниот процес.
  • Играњето на видео игри треба да исклучи игри во кои се презентира насилство, а треба да се вклучат игри кои имаат логичка структура.