Општинско основно училиште – Ристо Крле – н.м.Кадино е деветогодишно училиште кое се наоѓа во општина Илинден. Ги опфаќа учениците од населено место Кадино, Мралино, Бунарџик и Ајватовци.

Наставата во училиштето ја реализираат стручни и професионално компетентни наставници и стручни соработници, кои континуирано стручно се усовршуваат. Наставниците применуваат современа образовна и информатичка технологија во наставата и методи на активно учење. Преку еднакви можности за сите, взаемно почитување и доверба ги поттикнуваат учениците да ги развиваат вештините, знаењата и ставовите кои се неопходни во секојдневниот живот.

Училиштето ја зајакнува автономијата, со цел да го насочи образовниот процес на учењето и стекнувањето квалитетни знаења и примерно однесување од страна на учениците. Подобрување на училишната клима и култура, односно релација наставник- ученик, посветување внимание на комуникацијата и емоционалната писменост,  мотивација кај учениците и наставниците,опременоста на училиштето со современи нагледни средства.