еТвининг проект – „BrainTrain “ 2023/2024 год.

 

Учениците од петто одделение од ПООУ „Ристо Крле“ , Мралино , заедно со нивната наставничка Лидија Ѓаковска учесвуваа во еТвининг проект – „BrainTrain “ . Во овој проект учествуваа ученици и наставници од повеќе училишта : Малта, Турција ,Италија и Шпанија. Целта на овој проект е учениците да научат како да се грижат за сопственото ментално здравје , стекнување вештини за користење дигитални апликации, како и користење на апликации со вештачка интелегенција.

https://read.bookcreator.com/kBo12MSGbxdBtiU2IwuddjLPWw12/_Xo-m1m9RuKOrQ-n4IJBVg

еТвининг проект – „HANDICRAFT “ 2023/2024 год.

Во текот на учебната 2023-2024 година се реализираше еТвининг проектот „HANDICRAFT “ , во кој учествуваа училишта од пет држави: Турција, Република Северна Македонија, Шпанија,Грузија и Полска. Во овој проект учествуваа и учениците од V одделение од ПООУ„Ристо Крле“ Мралино. Целта на овој проект е учениците да стекнат вештини за создавање на  различни рачни изработки од волница,копчиња , разни ткаенини и сл. , со што им се потикна развојот на креативното мислење и мануелните вештини. Учениците со голема мотивација и задоволство ги реализираа сите планирани активности , а исто така имаа можност да ги видат изработките од учениците од другите странски училишта.

https://read.bookcreator.com/Ei6jInNK2Nh7gjw9WuatxlVBitj2/bFM6r_OMSjm9n-ss3F5lxQ


Меѓународен проект „ Училница со ретка добрина“ февруари 2024 

            Во текот на месец февруари , во повеќето основни училишта во Република Северна Македонија се реализираше Меѓународниот проект „ Училница со ретка добрина“ . Во овој проект  учествуваа  и учениците од V одд. од ПООУ„Ристо Крле“ Мрaлино , под менторство на наставничката Лидија Ѓаковска . Проектот имаше за  цел да ги запознае учениците со ретките болести, да развие свест за нивно постоење и присуство околу нас, како и прифаќање, разбирање и пружање помош на лицата со ретки болести во нашата училница. Учениците под менторство на наставничката Лидија Ѓаковска,  успешно ја реализираа активноста и беа наградени со сертификати .


еТвининг проект – „ NATURE – TOY FACTORY“   2023/2024 год.

Ученици од петто одделение ПООУ„Ристо Крле“ Мралино  под менторство на одделенскиот наставник Лидија Ѓаковска  се вклучија во  еТвининг проект „ NATURE – TOY FACTORY“. Наши партнер училишта се училишта од Романија , Турција, Грција, Литванија и Италија. Учениците работат во интернационални тимови. Наши цели се да се подигне свеста и позитивен однос кон природата , развивање на креативноста и критичкото размислување, стекнување вештини за  изработка на функционални и/или естетски креации (играчки, колажи, уметнички креации) со користење на разни техники и  материјали од природата; Проект ќе опфати период од 8 месеци од октомври до мај. Месечно ќе се организираат активности за поттикнување на креативноста на учениците, во создавање играчки со материјали обезбедени од природата, специфични за секоја сезона.


еТвининг проект – „ Fold and Tell“

 2023/2024 год.

Ученици од петто одделение ПООУ„Ристо Крле“ Мралино  под менторство на одделенскиот наставник Лидија Ѓаковска ( ко-основач на истиот проект) се вклучија во  еТвининг проект „Fold and Tell“ . Проектот се состои од  активностите преку кои учениците ќе раскажуваат приказни , а во истовреме ќе изработуваат оригами прикажувајќи ги значајните елементи од приказните.  Проектот има за цел учениците да стекнат способност да ги  разбираат содржините на пишан текст, да можат да ги издвојат, анализираат и резимираат информациите од текстот и да ги искажат усно со свои зборови на креативен начин, како и развивање на  фината моторика на рацете кај учениците.  Наши партнер училишта се училишта од Турција  , но подоцна ни се придружија и училишта од Италија.