За учениците од предметна настава комлетно е уреден кабинетот по Музичко образование. Опремен со нови клупи, столчиња, музички инструменти, смарт табла и вариолајт завеси, создадовме услови за учениците квалитетно, непречено и активно да учат, а паралелно со тоа да се влијае на развојот на интелектуалната функција на децата како примарна цел на музичкото воспитание и образование.