
Образовен Пикник – Ден исполнет со другарување, учење и забава!
04.05.2026
Во соработка помеѓу двете подрачни училишта,ПОУ Мралино и ПОУ Бунарџик успешно се реализираше едукативниот настан „Образовен пикник“, на кој учествуваа ученици од I до V одделение. 

Настанот беше вистински спој на знаење, забава и спорт, каде учениците на креативен и интересен начин ги изучуваа содржините од наставните предмети. Преку игри, натпревари, музика и спортски активности, децата имаа можност да се дружат, соработуваат и учат едни од други во една пријатна и поттикнувачка атмосфера.
Благодарност до сите наставници кои го направија овој ден незаборавен! 
Директор:
Јовче Петковски
