Нашето училиште подготвено ја дочекува новата учебна 2025/2026 година. За прв пат во историјата на постоењето ООУ”Ристо Крле” обезбедува продолжен престој за учениците од прво до трето одделение. Како резултат на современиот начин на живот, во пресрет на потребите на родителите нашето училиште ја осовременува воспитно-образовната работа. Учениците ќе имаат можност преку вклученост во продолжениот престој да учат, да ги работат домашните задачи, да учествуваат во културно-уметнички и други спортски активности, согласно Годишната програма за работа на училиштето.
Обезбедена е училница за престој опремена со потребните дидактички и нагледни средства. Посебна уредена просторија за чување на оброците на учениците и комплетно санирани санитарните јазли и нов тоалет за потребите на учениците кој ќе посетуваат продолжен престој.